Дома Топ вести Французите откриваат: Мбапе имал проблеми со менталното здравје?

Французите откриваат: Мбапе имал проблеми со менталното здравје?

Килијан Мбапе од неговото пристигнување во Реал Маддрид се мачи и не прикажува настапи онакви какви што се очекуваа од него.

Формата со која игра Французинот не е како онаа во ПСЖ и поради тоа добива критики од јавноста. Но, реномираниот „Л’кип“ сега пишува дека причина за слабата форма на Мбапе може да се проблемите кои ги има надвор од теренот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Наводно, фудбалерот се соочувал со психички проблеми и извор близок на напаѓачот открил дека тој во последниот период бил во тешка депресија.

Се пишува и дека Мбапе во овој момент работи со специјалист со цел да се опорави.

Во Реал Мадрид, Мбапе сезонава постигна осум гола на 16 натпревари, меѓутоа само еден на последните седум. Исто така од тие осум погодоци, четири се со удари од белата точка.

Мбапе во овие моменти не е ниту со француската репрезентацијата за последните два натпревари во Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алегри го нарекол Бонучи будала: Стоперот збеснал – малку недостасувало да се степаат!

Леонардо Бонуќи (37) е еден од најдобрите италијански стопери на сите времиња. Кариерата ј…