Дома Трансфер зона Медиумите тврдат: Мбапе знае каде сака да игра после ПСЖ?

Медиумите тврдат: Мбапе знае каде сака да игра после ПСЖ?

Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2022. година.

Младиот Француз останува во клубот, но Леонардо изјавил дека не може да гарантира дека ќе го задржи, ако не сака да потпише нов договор. Некои преговори беа на почетокот, но Мбапе одби да разговара што покажува дека тој своите планови ги поврзува за заминување од Франција.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се споменува Реал, кој веќе го одби, кога заминуваше од Монако, но изгледа дека најталентираниот фудбалер на светот има други планови. Како што пишуваат медиумтие во Франција, тој сака да работи со Пеп Гвардиола.

Имено, Мбапе смета дека најмногу би напредува под водство на Шпанецот кој сигурно во следните две години ќе остане во Сити, барем така изјави. Договорот му истекува 2021., но со доаѓањето на Мбапе сигурно Пеп би добил мотив да остане. Јасно, ПСЖ од следното лето ќе мора да размислува за целата ситуација, бидејќи цената на Мбапе ќе падне, како договорот ќе се доближува кон крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …