Дома Трансфер зона Французинот потврди: Заминувам од ПСЖ, среќен сум што го носев овој дрес (Фото)

Французинот потврди: Заминувам од ПСЖ, среќен сум што го носев овој дрес (Фото)

Екипата на ПСЖ во текот на летниот преоден рок очигледно ќе претрпи голема реконструкција.

Неколку фудбалери се на излезни врати, а помеѓу нив е 31 годишниот фудбалер кој во 2016 година пристигна од Ница, Хатем Бен Арфа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Бен Арфа на својот Инстаграм профил потврди дека го напушта клубот и се прости од своите навивачи.

„Наскоро завршува мојата авантура во ПСЖ. Иако поминувам низ тешки моменти, среќен сум што го носев овој дрес. Ќе ми останете во прекрасни сеќавања сите во овој клуб, а на овој начин сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката. ПСЖ Секогаш ми биде драг клуб“, порача Бен Арфа.

Кариерата овој фудбалер многу веројатно ќе ја продолжи во Англија. Голем интерес за неговите услуги покажа Лестер каде би требало да пристигне како замена за Ријад Марез.

Бен Арфа за две сезони во ПСЖ одигра 32 натпревари и постигна четири погодоци.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…