Франција очекувано стигна и до вторите два бода во групната фаза, славејќи над селекцијата на Австрија со убедливи 33:26.
Без никакви проблеми, Франција ја оправда фаворитската улога во денешниот дуел. Најефикасен во таборот на Триколорите беше Нгесан со постигнати седум погодоци, додека на спротивната страна тоа беше Вебер со пет постигнати гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што се однесува до групата А, во првиот термин попладнево, Шведска славеше над Србија со 30:25. Шведска беше апсолутен фаворит во мечот, но она што е сигурно е дека Србија има квалитет, кој во изминативе две кола не проби на теренот.
Викинзите на голот го имаа расположениот Апелгрен со 19 интервенции, инаку најефикасен во составот беше Лагергрин со пет постигнати гола, додека кај Србија прв стрелец беше Немања Илиќ со исто така пет постигнати гола.