Капитенот на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа во Севиља се венчаше со својата долгогодишна девојка, Пилар Рубио.
Парот изгледаше прекрасно, а црнокосата убавица во раката носеше необичен букет со црно обоени цветови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓу елитните гости очекувано беа соиграчите на Рамос д Реал секако во друштво на своите сопруги, Лука Модриќ, Хесус Навас, Алваро Мората, потоа големите ривали и пријатели од Барселона и репрезентацијата Серхио Бускетс, Жорди Алба, Санти Казорла, Пепе Реина.
На свадбата беа и Бекамови, како и неколку легенди на светскиот фудбал во друштво на своите сопруги Предраг Мијатовиќ Роберто Карлос, Фернандо Јеро…
Рамос и Рубио се седум години во врска и имаат три сина, Серхио, Марко и Алехандро, кои има важна улога на свадбата и ги носеа прстените.