На АТП листата се влегува во фото-финиш!
Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација на Мастерсот во Шангај. После оваа негова елиминација – ситуацијата изгледа вака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До крајот на годината Новак брани поени на финалниот турнир (1000) и мастерсот во Париз (600 поени).
Од друга страна Надал не брани ниту еден поен и следи голема борба во која фаворит е Шпанецот.
Новак ќе игра во Париз на 28-ми откромври, потоа и на завршниот турнир во Лондон на 10-ти ноември. Истиот случај е и со Надал и само чудо може да го спаси Новак да остане врвот на АТП листата.
Ѓоковиќ има 9545 поени, Надал 9225. Доколку Новак го освои турнирот во Париз, а Надал биде финалист, Србинот ќе добие 400 (600 брани како финалиста), а Надал ќе добие 600 поени како финалиста. Во тој случај Ѓоковиќ ќе остане на првото место и завршниот турнир ќе одлучи кој ќе биде прв на АТП листата на самиот крај.
Во случај Ѓоковиќ да испадне пред финалето, ќе изгуби нови бодови и така на Надал би му било доволно и четвртфинале за да ја превземе првата позиција.