Управата на Тотенхем ова лето одлучи да вложи пари во засилвуања.
Во Северен Лондон веќе пристигна одличниот играч за врска Тангуј Ндомбеле, а до утре во 18 часот кога ќе се заврши трансфер периодот на Островот, Тотенхем би можел да има навистина спектакуларен тим со кој без проблем би ја нападнал титулата во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Управата на Тотенхем ќе се обиде да ги доведе Паоло Диабала и Филипе Кутињо. Нивното доведување значително би ја засилило екипата и офанзивниот дел, а се споменува и можноста во финишот од трансфер периодот да го доведат Џовани Ло Селсо.
Се обидуваат да го завршат и трансферот на Рајан Сесегнон, но без него и Ло Селсо кој би го засилиле средниот ред и одбраната, напаѓачкиот дел на тимот би бил неверојатен. Диабала, Кутињо, Сон и Кејн би биле неверојатна комбинација, а не треба да се заборави ниту Ериксен, како и Деле Али, кој му се предвидува место на клупата.
Системот на Покетино 4-2-3-1 изгледа навистина одлично, а нема дилеми дека Тотенхем би бил кандидат за титулата со овој тим. Сепак, треба да почекаме уште еден ден и да видиме што овој клуб ќе направи на пазарот, па потоа да донесеме заклучоци.