Целиот фудбалски свет го потресе големата трагедија, бидејќи на тренингот почина поранешниот фудбалер на Њукасл, Шеик Тиоте.
Тиоте дури седум години го носеше дресот на клубот од „Сент Џејмс Парк“, но на почетокот на оваа година одлучи да си замине во кинеската лига во екипата на Пекинг Ентерпрајз. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска беше миленик на навивачите на Њукасл, а многумина секогаш ќе го памтат неговиот гол против Арсенал во 2011. година (4:4).
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Но, фудбалската јавност беше потресена од веста дека Тиоте утрово починал од срцев удар на тренингот. На друштвените мрежи многумина се одлучија да се опростат од фудбалерот, а неверојатна слика постави неговиот пријател Јусуф Абубакар Туми.
Тој откри дека неколку часа пред тренингот разменил неколку СМС пораки со Тиоте, кој како нешто да чувствувал дека ќе се случи. Неговите пораки тоа најдобро го говорат, а во една од нив напишал: „Нека Алах не направи поголеми на небото, а не на земјата. Животот на земјата ќе заврши а во рајот е вечен“, напишал Тиоте.