Мундијалот е се поблиску, а во јавноста сега се појавија и часовниците кои судиите ќе ги користат за време на натпреварите.
Арбитрите во Русија ќе носат часовници од марката „Хублот“ кои ќе бидат посебно прилагодени за новата ВАР технологија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Освен што ќе се користат на Мундијалот овие часовници ќе бидат пуштени и во продажба и ќе имаат цена од 4.250 евра. Оперативниот систем на кој ќе работи овој специјализран часновик е „Веар ОС“, исто така има опција и да се поврзе на ваерлес мрежа.
Секако, во часновниците кои ќе бидат пуштени во продажба нема да биде инсталиран ВАР системот.
Во продолжение погледнете го изгледот кој навистина е фантастичен.