Дома Трансфер зона Фото: Новото засилување на Милан го избра својот број!

Фото: Новото засилување на Милан го избра својот број!

Лукас Пакета синоќа го одигра последниот натпрвар за Фламенго и во следните денови се очекува да пристигне во Милано каде ќе потпише договор со италијанскиот гигант Милан.

Пакета важи за еден од најголемите бразилски таленти, а Милан за неговите услуги плати 35 милиони евра, па очигледно се очекува да биде големо засилување за „росонерите“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Тоа што ќе бидам играч на Милан е благодарение на Леонардо. Имав понуда од неколку клуба во Европа, но ги избрав ’росонерите’. Побарав да играм со бројот 39, истиот број со кој дебитирав за Фламенго“.

„За мене почнува нова авантура, во следните денови со мојата фамилија ќе отпатувам во Милано. Разговарав со Кака, Милан е еден од најголемите клубови во светот и пресреќен сум што ќе играм за таков клуб“, истакна Пакета.

https://youtu.be/V_6-WjMH5N0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…