Новата сезона во Серија А веќе започна, „еден дел“ од новата гарнитура на дресови на Рома беше претставена пред почетокот на сезоната, а сега на интернет се појавија слики од новиот трет дрес на римската Волчица.
Треба да се очекува дека третата гарнитура ќе биде за многу брзо распродадена веднаш штом ќе се појави во продавниците, бидејќи навистина изгледаат одлично, а зад овој интересен дизајн се крие и одлична идеја.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, дресовите се жолто-портокалови, со бордо детали, а графичкиот принт на нив претставува мапата на градот Рим. Шорвеците од третата гарнитура се иста боја со горниот дел, додека штуцните се во комбинација на жолта и бордо боја.
Едно е сигурно – Најк се потруди околу новиот трет дрес на Рома.