Се уште не е сигурно каде Санчез ќе ја продолжи кариерата во јануари.
Најверојатна опција е Манчестер Јунајтед, откако Манчестер Сити дефинитивно отпадна. Се споменува и Челзи, иако такво сценарио е помалку веројатно. Се поставува прашањето како ќе изгледа Манчестер Јунајтед со Алексис? Со тоа се занимаваше британскиот „Times“, кој предвидува три можни постави на Манчестер Јунајтед со Чилеанецот во екипата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првата опција е Алексис да игра на левото крило во формација 4-2-3-1. Најголеми губитници од ова сценарио ќе бидат Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд. Втората опција е Санчез да игра со Линдард во системот 4-3-2-1. Но, тоа би знаечло дека повторно нема место за Марсијал и Рашфорд. Третата алтернатива е системот 4-3-3, каде што би отпаднал Лингард, додека би се отворило едно место за Марсијал или Рашфорд.
Она што е сигурно е дека Мурињо ќе биде на слатки маки.