Пеп Гвардиола пред само една година пристигна во Манчестер Сити, а верувале или, веќе успеа да го промени целиот тим.
Англиските медиуми објавија две фотографии кои ја покажуваат разликата помеѓу првиот тим на Сити во мај минатата година и тимот кој треба да излезе на терен во првото коло од новата сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првиот тим кој го изведе Пелегрини на својот последен меч останаа само неколку фудбалери, а и тие нема да играат голема улога во новата сезона. Како што стојат работите само Де Брујн од таа постава моментално се наоѓа во првиот тим.
Гвардиола на сите овие засилувања потроши неверојатни 500 милиони фунти за само една година, а актуелниот преоден рок сеуште не е завршен и Каталонецот сака да донесе уште најмалку едно засилување.