Дома Фудбал Италија Фонсека за судењето во дербито: Судијата грешеше на штета на двата тима

Фонсека за судењето во дербито: Судијата грешеше на штета на двата тима

Фудбалерите на Рома вчера ремизираа против Милан на гости со 3:3 во рамките од петтото коло во италијанската Серија А.

Милан и Рома одиграа одлично дерби на „Сан Сиро“ и на крајот заслужено ги поделија бодовите. Милан имаше водство на три пати, но Рома успеа да се врати и да дојде до бод.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После натпреварот тренерот на гостинскиот тим, Пауло Фонсека изјави дека ова било солидно издание на неговиот тим и дека може да биде задоволен со резултатот.

„Добра работа е што постигнавме три гола, но не толку добра што примивме исто толку голови. Беше ова изедначен натпревар кој не го отворивме добро бидејќи порано примивме гол, но успеавме веднаш да одговориме. Ние сакавме да победиме, но откако три пати имавме заостанување мислам дека ова е позитивен резултат за нас“, изјави Фонсека.

Португалецот доби прашање и за судењето на главниот судија Пјер Џиакомели кој според мислењето на многумина досуди два непостоечки пенали. Прво за Рома, а потоа за Милан.

„Немам коментар за судењето. Сите имаме ден кога правиме грешки, тој грешеше на штета на двата тима и тоа е тоа“, изјави Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…