Дома Фудбал Останато ФИФА доби две кандидатури за домаќин на Светското првенство 2026.

ФИФА доби две кандидатури за домаќин на Светското првенство 2026.

Меѓународната фудбалска организација ФИФА објави дека во понеделникот пристигнале две целосни кандидатури за домаќинство за Светското првенство кое ќе се игра 2026. година.

За организација на Мундијалот се пријавиле САД, Мексико и Канада, кој направиле заедничка понуда, и Мароко. Комисијата детално ќе ги разгледа двете кандидатури, а домаќин на Мундијалот ќе биде одреден на Конгресот на ФИФА во Москва на 13. јуни, точно еден ден пред почетокот на Светското првенство во Русија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мароканците во својата кандидатура напишале дека планираат да го организираат Светското првенство на 12 стадиони, од кои пет од нив би биле нови или обновени, а меѓу нив би бил и целосно новиот национален стадион „Казабланка“ со капацитет од 93,000 места.

Во кандидатурата на САД, Канада и Мексико беа наведени 23 потенцијални градови домаќини (16 во САД, четири во Канада и три во Мексико), од кои подоцна би биле избрани 16 кои ќе бидат домаќини на Светското првенство. Американците веќе ги предложија стадионите чиј просечен капацитет е од 68,000 места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал ја изгуби „војната“: Манчестер јунајтед ангажира два големи таленти

Манчестер Јунајтед два пати го победи Арсенал оваа недела бидејќи успеа да договори ангажм…