Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески е нов член на Вардар откако денес потпиша едногодишен договор.
Поранешниот ракометар на Металург ја заврши својата авантура во Германија и реши да потпише едногодишен договор со македонскиот шампион.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Талески е второто официјално засилување за Вардар за новата сезона, по францускиот голман Рибин Кантегрел, а претходно нови договори потпишаа неколку стандардни ракометари.
„По разговорот со претседателот Михајло Михајловски бргу се договоривме за моето доаѓање. Чест е да се игра за Вардар“, изјави Талески за македонските медиуми.