На денешната редовна прес-конференција Министерот за здравство, Венко Филипче одвои и краток дел за спортот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Филипче најави дека први кој ќе се вратат кај нас се индивидуалните спортови. После викендот кј следи ќе се решава дали има услвои за враќање и на екипните спортови.
„Прво се размислува да се дозволат индивидуалните спортови, но дозволете повеќе да ве информирам утре кога на оваа тема ќе се разговара Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб на Владата. Ќе почекаме да видиме какви ќе бидат бројките утре“, изјави Филипче.
Ова значи дека во понеделник ќе знаеме дали и како би се продолжил фудбалот во земјава, но и останатите екипни спортови.