Дома Луд Спорт Филиповиќ незапирлив – со нокаут до нова титула во финалето на Rizin Grand Prix

Филиповиќ незапирлив – со нокаут до нова титула во финалето на Rizin Grand Prix

Мирко Филиповиќ, познат како Cro-Cop, го нокаутираше Иранецот Амир Алиакбари во финалето на Ризин гран при боречкиот настан, закитувајќи се со титулата најдобар во оваа престижна организација.

Иранецот во арената тргна доста агресивно, но Мирко беше вешт и трпелив во избегнувањето на неговите удари. Пред крајот на првата рунда некогашниот светски првак Cro-Cop му зададе на Иранецот едно квалитетно лево кроше кое го турна на под, но фајтерот брзо стана, иако видно разнишан.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Мирко ја почувствува таа слабост кај Амир и продолжи со нападите, а после уште едно квалитетно лево кроше, Иранецот повторно падна на подот, по што судијата ја прекина борбата. Тој удар беше пресуден за нова престижна титула на хрватскиот борец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Тренерот на Војводина физички го нападна својот колега на пресот🎥

Жестоки искри имаше по натпреварот од 20. коло од Супер лигата на Србија помеѓу Војводина …