Дома Фудбал Останато Фиго има свој фаворит за освојување на Златната топка

Фиго има свој фаворит за освојување на Златната топка

Легендарниот репрезентативец на Португалија и фудбалерот на Реал Мадрид и Барселона, Луис Фиго има свој фаворит за Златната топка.

За разлика од многумина кои во глава им се само Меси и Роналдо, кога ќе се спомене оваа награда, Фиго смета дека истата би требало да ја освои Серхио Рамос.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Капитенот на Реал Мадрид во последните пет години освои четири Лиги на Шампиони, но никогаш не се најде ниту во потесниот избор кога станува збор за освојување на наградата која е за најдобриот фудбалер во светот. Фиго смета дека тоа би требало да се промени.

„Јасно е дека Рамос заслужува да ја освои Златната топка. Да се биде дефанзивец е исто како да се биде голман. Многу е потешко да се освои оваа награда, но Канаварано во тоа успеа. Поради квалитетот кој го поседува Рамос, ја заслужува Златната топка“, изјави поранешната ѕвезда на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште во март го имаме добитникот на „Златната топка“ – и тоа фудбалер кој никој не го очекуваше!?

Највозбудливиот дел од календарската година во светот на фудбалот е секако борбата за најд…