Дома Македонски спорт Мак баскет ФИБА: Кој знае што можеше да се случи ако Македонија не требаше да брка -9

ФИБА: Кој знае што можеше да се случи ако Македонија не требаше да брка -9

Машката селекција на Македонија доби висока „Б“ оценка односно втора по рангирањето на ФИБА за настапите на последниот „балон“ во квалификациите.

Најдобро оценета селекција, со оценка „А“, е домашната, која во Перм финишираше со две победи, со кои го потврди учеството на Евробаскетот. Веднаш до нив сме ние и Италија, со забелешка дека имаме подобар скор од аѕурите на турнирот. Две победи и два порази на собирот во Русија, додека пак нешто послаба е оценката за Естонија.

Но заклучокот на специјалистите на ФИБА е дека се можеше да биде и поинаку за нашата селекција. Но и дека сме добиле нов убиствен тандем во нападот.

„Тоа беше храбар обид на Македонија, и гледајќи ги како победија неколку натпревари во Русија, тоа ги врати спомените од 2011 година, кога беше толку лесно да се вљубиш во црвено-жолтата боја. Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли сега се ‘еден-два удар’ за Македонија. Кој знае што можеше да се случи ако не требаше да ја бркаат таа разлика од 9 поени во која влегоа на првиот натпревар од овие квалификации“ … се вели во финалниот репорт на ФИБА за групата „Б“ во овој квалификациски циклус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

КФСМ: Не беше наш избор да играме со „северна“ на дресовите

На денешната прес-конференција кошаркарската федерација го претстави Драган Бајиќ за нов с…