Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон смета дека многу се мали шансите некој да го надмине Вејн Руни на првото место на листата најдобри стрелци во историјата на тој клуб.
Руни со голот против Стоук го престигна Боби Чарлтон, кој цели четири децении беше прв стрелец на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога Руни дојде во клубот мислев дека нема шанси никој да го престигне Боби Чарлтон. Тоа што го направи Руни е навистина неверојатно. Тој одигра 200 натпревари помалку од Чарлтон, што го прави неговиот подвид инпресивен. Мислам дека никој нема да успее да го надмине“, изјави Фергусон.
„Нормално, никогаш не можете со сигурност да кажете, но доколку се гледа модерниот фудбал, Јунајтед е еден од ретките клубови кој може да задржи играч повеќе од десет години. Мурињо го спомена младиот Рашфорд, но тој и во наредните десет сезони мора да постигнува по дваесет гола за да го стигне Руни“, заклучи Ферги.