Дома Останати Феноменот Федерер се уште владее – лесно до полуфинале

Феноменот Федерер се уште владее – лесно до полуфинале

Феноменот Федерер продолжува да владее во светот на тенисот иако е длабоко во четвртата деценија од животот. Швајцарецот денес се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако без поголми проблеми го совлада Томаш Бердих со 7:6, 6:3 и 6:4.

Чешкиот тенисер одлично го започна мечот и поведе со 5:2, но Федерер успеа да се врати и го одведе сетот во тај-брејк, кој го доби убдливо со 7:1.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Во следните два сета Швајцарецот рутински го надигра Бердих и се пласираше во полуфиналето каде ќе ги одмери силите со корејската сензација, Чанг. Во второто полуфинале ќе се сретнат Марин Чилиќ од Хрватска и Кајл Едмунд од Велика Британија.

Иако длабоко во четвртата деценија Федерер и понатаму домонира во светскиот тенис и е само на два чекори од освојување на рекордниот 20-ти Грен слем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Освојувачката на Вимблдон ќе го пропушти Австралијан опен

Чешката тенисерка и шампионка на Вимблдон Барбора Крејчикова денеска објави дека нема да у…