Дома Фудбал ФЕНОЕМЕН: Овој фудбалер на Барса за 18 месеци промени ДЕВЕТ тренери!

ФЕНОЕМЕН: Овој фудбалер на Барса за 18 месеци промени ДЕВЕТ тренери!

Младата надеж на Барселона, 22 годишниот Серж Сампер во последните 18 месеци промени дури девет тренери!

Звучи неверојатно, но од 1 јули минатата година, овој играч од средината на секои два месеци добива нов тренер.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Тој минатата година тренериаше со Барселона под водство на Луис Енрике до 26 август кога замина на позајмица во Гранада. Тука за само една година промени дури четири тренери, Пако Хамес (27 август – 28 септември 2016), Луис Планагум (29 септември – 3 октомври 2016), Лукас Алкараз (19 октомври 2016 – 10 април 2017) и на крајот Тони Адамас (11 април – 30 јуни).

Оваа сезона повторно ја започна во Барселона, сега под водство на Ернесто Валверде, но на 25 август беше испратен на нова позајмица, овој пат во Лас Палмас каде што до 26 септември го предводеше Маноло Маркез. Него го наследи Пако Ајестран кој во клубот се задржа до 30 ноември. Во овој момент во редовите на „Канаринците“ го предводи Пакиот Ортиз и неговиот договор истекува со последниот ден од оваа година.

Тоа значи дека Сампер од 1 јануари би можел да го добие и 10 тренер за само нешто повеќе од 18 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква драма на се памети: Серија А го закажа датумот за потенцијална мајсторка за титулата!

Фудбалерите на Наполи и Интер ќе се натпреваруваат во последното коло на Серија А во петок…