Дома Трансфер зона Фати сега е нова „десетка“ на Барса, но во 2019 бил спремен да замине

Фати сега е нова „десетка“ на Барса, но во 2019 бил спремен да замине

Ансу Фати во текот на летото стана новата „десетка“ на Барселона, откако претходно од гигантот си замина Лионел Меси.

Барселона се обидува да му го продолжи договорот на Фати затоа што во него гледа лидер за тимот. Меѓутоа, во 2019 година Фати бил подготвен да си замине од Барселона, а негов нов тим требало да стане Ница.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Таткото на младиот фудбалер на Барселона ги договорил условите, па дури и се фотографирал со дресот на Ница на кој била „деветката“, но трансферот пропаднал поради бизарна причина. Фати имал проблеми со пасошот, кои не можеле да се решат до крајот и трансферот во Ница им пропаднал поради тоа.

Секако, 18-годишниот напаѓач сега е поинтересен отколку во 2019 година, па Барселона може да го изгуби ако не му го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…