Jaник Синер со доминантна игра во финалето го победи Тејлор Фриц со 3:0 во сетови (6:3, 6:4, 7:5) за два часа и 17 минути и така дојде до својот втор грен-слем трофеј сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На САД Опен Синер стигна по допинг скандалот, но на теренот покажа дека тоа не оставило трага на неговата психа. Преку целиот турнир изгледаше максимално фокусирано и не дозволи да биде изненаден.
Во финалето Синер уште на стартот направи брејк, меѓутоа Фриц брзо врати и го одзема сервисот на Италијанецот за 2:2. Сепак, во продолжение од сетот Синер беше многу подобар и поведе со 1:0.
Во вториот сет не видовме брејк до последниот гем кога Синер го освои клучниот сет за водство од 2:0.
Не се откажува Фриц и во седмиот гем направи брејк за 4:3, па пр 5:4 сервираше за да го освои првиот сет во мечот. Синер тогаш освои три гема во низа и стави точка на мечот.