Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја потврди информацијата која се појави во англиските медиуми дела Погба, Ибрахимовиќ и Маркос Рохо се спремни за игра.
Тројцата долго време беа надвор од терените поради повреди, но сега се целосно регабилитирани и ќе бидат во групата за утрешниот меч против Њукас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играчите кои останаа тука за време на репрезентативната пауза се рехабилитирани. Дури и тие кои имаа големи повреди, сега се спремни за игра. Станува збор за Погба, Ибрахимовиќ и Маркос Рохо“, потврди Мурињо.
„Сега можам да зборувам за Пол бидејќи е спремен да игра. Сами знаете како играше Јунајтед пред неговата повреда и потоа. Ибра минатата сезона играше скоро секоја минута, но оваа сезона научивме како да фукционираме без него. Сепак Златан е исклучително важен играч за нас. Дали Ибра и Лукаку можат да играат заедно? Добрите фудбалери е лесно да играат заедно“, заклучи „Специјалниот“.
Jose Mourinho tells #MUTV that Paul Pogba, Zlatan Ibrahimovic and Marcos Rojo are all in contention to feature against Newcastle: https://t.co/laobw1QkmY pic.twitter.com/QnTHSV2OkU
— Manchester United (@ManUtd) November 17, 2017