Се погласно се зборува дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а утрово пристигнуваат и нови информации.
Според она што се пишува на Островот Роналдо иако требало денес да се приклучи на подготовките на Јунајтед тоа нема да се случи. Информациите се дека Роналдо го информирал клубот дека поради семејни причини ќе го одложи почетокот на припремите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, јавноста е убедена дека станува збор за потрага по нов клуб. Роналдо е разочаран што Манчестер Јунајтед нема да игра следната сезона во Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед изгледа дека стои на ставот да не го продава Роналдо, но ќе биде тешко да го задржи ако Роналдо продолжи да изразува желба за заминување.