Дома Фудбал Англија Уште еден тренер му кажа НЕ на Манчестер Јунајтед

Уште еден тренер му кажа НЕ на Манчестер Јунајтед

Селекторот на Италија, Роберто Манчини е новиот тренер кој ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед, открива еминентниот весник „Билд“.

Манчини е поранешен тренер на Манчестер Сити и ја освои титулата со „граѓаните“ во 2012 година. Италијанецот четири години помина на „Етихад“ и имаше успех во Премиер лигата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Манчини ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед со изговор дека во моментов не сака да ја напушти репрезентацијата на Италија и има за цел да се пласира на Светско првенство.

Во моментов фаворит за тренерското столче на „Олд Трафорд“ е Маурисио Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…