Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид е последниот клуб кој се вклучи во трката за потпист на францускиот играч за врска Адриен Рабио, пренесува „АС“.
Рабио откако одби да го продолжи договорот со ПСЖ е надвор од тимот, па на крајот на сезоната како слободен агент ќе го напушти „Паркот на принцовите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на „јорганџиите“ Андре Берта веќе остварил контакт со менаџерите на плејмејкерот, со цел да дознае дели Рабио е заинтересиран да се пресели на „Ванда Метрополитано“.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне дал зелено светло за ангажман на 23-годишниот Французин.
Интерес за Рабио има готово од сите водечки клубови во Европа, па ќе биде интересно да се види кој ќе биде неговиот избор на лето.
Мајката и негов агент, Вероник вчера го обвини ПСЖ дека Рабио е третиран како „заложник“ во францускиот клуб (ОВДЕ).
https://youtu.be/aUJky6vCOtY