Голманот на Пари Сент Жермен, Кевин Трап побара од раководството на клубот да биде ставен на трансфер листа во јануари.
Трап не сака да ја грее клупата и да го доведе во прашање својот статус во германската репрезентација. Поради тоа јавно побара да биде продаден.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Сакам да бранам често, а не да ги чекам куповите за да излезам на терен. Ако не можам да играм овде, нека ме продадат“, јасен беше Германецот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Трап би можел да оди во Реал на позајмица, Навас е повреден, а Касиља не е гаранција за голот на „кралевите“.
Сепак, многу поверојатно е дека Трап ќе се пресели во некој клуб од Премиер лигата или Бундес лигата, бидејќи Флорентино Перез сака следното лето да го ангажира Де Геа.