Кристиано Роналдо очигледно го одигра последниот натпревар за Манчестер Jунајтед и ќе си бара нов клуб во јануари поради контроверзното интервју кое го имаше со Пирс Морган.
Манчестер Јунајтед ангажираше авокати за раскувањето на договорот со Португалецот, а последниот потег покажува дека тој веќе го одиграл последниот меч за „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, на аукција бил продаден дресот на Роналдо од последниот меч против Астон вила за 39.000 фунти, а среќникот кој го купил е еден Кинез.
Роналдо ќе игра за Португалија на Мундијалот во Катар, а по враќањето од Светското првенство ќе треба да си бара нов тим.