Дома Фудбал Уште две ѕвезди на Реал позитивни на коронавирус

Уште две ѕвезди на Реал позитивни на коронавирус

Реал Мадрид соопшти денес дека двајца играчи на овој тим се заразени со коронавирус.

„Кралевите“ вчера имаа тестирање на коронавирус пред натпреварот за викеднот, а резултатите покажаа дека имаа двајца новозаразени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанскиот гигант потврди дека заразени се Еден Азар и Касемиро, двајцата се веќе во изолација и немаат никакви симптоми.

Се очекува Азар и Касемиро да бидат надвор од теренот десетина дена. За Реал е добро што по овој викенд следи репрезентативна пауза па би требало да бидат спремни за мечот на 25. ноември кога Реал во Милано ќе игра против Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваков гол не се гледа често во Македонија: Фудбалер на Тетекс погоди од 40 метри! (Видео)

Фудбалерот на Тетекс Меритон Салији викендов во победата над Слога Виницаа од 4-0 постигна…