Дома Фудбал Англија Управата го прекршила ветувањето, играчите на Арсенал побарале состанок

Управата го прекршила ветувањето, играчите на Арсенал побарале состанок

Арсенал пред неколку дена го освои ФА Купот и изгледаше дека работите одат на подобро, вниманието се насочи кон склопување на екипата за наредната сезона. Сепак, сега се појавија проблеми.

Имено, фудбалерите на овој клуб се налутиле на управата на клубот поради одредени работи кои биле направени во последниот период.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Најмногу им пречело што клубот го прекршил договорот од април. Ќе потсетиме во април играчите на Арсенал се договорија со управата да им се намалат плататите за 12.5%, но со гаранција дека никој од вработените во клубот нема да добие отказ.

Четири месеци подоцна Арсенал го прекршил тоа ветување затоа што се спремиле откази за дури 55 вработени.

Сетоа ова ги налутило фудбалерите кои наводно побарале состанок со управата за да го искажат своето незадоволство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА пред вчерашниот Суперкуп испрати јасна порака до Израел (Фото)

УЕФА вчера ја објави најновата хуманитарна иницијатива со цел да се помогне на децата пого…