Дома Фудбал Италија Универзитетот во Неапол на македонски јазик му се заблагодари на Елмас 🎥

Универзитетот во Неапол на македонски јазик му се заблагодари на Елмас 🎥

Универзитетот во Неапол на македонски јазик му се заблагодари на Елиф Елмас за придонесот во титулата во италијанското првенство на која Наполи чекаше 33 години.

Во видеото на 19 различни јазици се честита на фудбалерите кои учествуваа во оваа сезона, а помеѓу нив е и македонскиот јазик.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Почитуван Елиф Елмас, Ви благодариме во името на нашата академска заедница за радоста што му ја донесовте на нашиот град и на неговите луѓе“, гласи пораката до Елмас.

Дресот на Наполи Елмас го носи од летото во 2019 година кога италијанскиот клуб му плати 16 милиони евра на Фенербахче. Сезонава македонскиот репрезентативец е трет стрелец на тимот зад Осимен и Кварацхелија со шест гола и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …