Ерменскиот играч за врска Хенрих Михтарјан може да го напушти Аренал по завршувањето на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
„Топџиите“ сакаат да ги намалат расходите за плати, а Михтарјан е еден од најплатените фудбалери во тимот и неделно заработува 180.000 фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради истата причина тренерот Унаи Емери сака да се радели и со Месут Озил, за да има поголем буџет за привлекување на нови фудбалери.
30-годишниот Михтарјан има договор со Арсенал до јуни 2021 година, но оваа сезона игра под своето ниво и често е на клупата за резерви.
Емери јасно му стави до знаење дека нема да смета на него следната сезона, а Арсенал го стави на трансфер листа.
Сепак, на „топџиите“ ќе им биде тешко да најдат заинтересиран клуб кој е спремен да му дава толкава плата на ерменскиот репрезентативец.
https://youtu.be/zWji9ds98Lk