Дома Фудбал Умтити: За да си заминам ќе мораат да ме избркаат

Умтити: За да си заминам ќе мораат да ме избркаат

Дефанзивецот на шампионот на Шпанија испрати јасна порака.

Французинот од редовите на Барселона, Самуел Умтити сака да остане во Барселона и тоа го потврди со својата последна изјава.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јасно е дека сакам да го обновам договорот со Барселона и се надевам дека ќе бидам во тимот и наредната сезона. Ќе мораат да ме избркаат доколку не ме сакаат“, истакна Франзузинот за „Л’Eкип“.

Многу се пишуваше за иднината на поранешниот фудбалер на Лион и во текот на сезоната често пати се поврзуваше со трансфер, се споменуваа повеќе клубови, а најмногу Манчестер Јунајтед.

Сепак, од неговото заминување изгледа дека нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Јувентус направи неочекуван гест кон новинарка на конференција за медиуми /ВИДЕО/

Лучано Спалети, тренерот на Јувентус, имаше интересна сцена на прес-конференцијата по натп…