Фудбалерот на Лече и поранешен член на Барселона, Самуел Умтити го напушти теренот во солзи откако беше навредуван на расна основа во вчерашниот натпревар против Лацио.
Фудбалерите на Лече вчера го победија Лацио со 2:1, а гостинските навивачи расистички ги навредуваа Умтити и неговиот соиграч Ламек Банда.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судијата Ливио Маринели го прекина натпреварот кога ги слушна навредите, а потоа главниот спикер на стадионот ги извести навивачите дека играта ќе биде прекината доколку скандирањето не престане.
Навивачите на Лече како одговор го скандираа името на Умтити, а играта продолжи.
Претседателот на Лече, Саверио Дамијани изјави дека Умтити сакал играта да продолжи.
“Го гушнав Умтити, како и другите играчи. По секој натпревар, без разлика на резултатот, сакам да им честитам на играчите и тренерите. Кога судијата го прекина натпреварот и кога спикерот чекаше, Умтити побара играта да продолжи. Сакаше да одговори на тереноит, реагираше како вистински шампион“, изјави Дамијани.
Умтити доби пораки за поддршка од бројни фудбалери, како и од претседателот на Меѓународната фудбалска федерација, Џани Инфантино.
„Солидарност со Самуел Умтити и Ламек Банда, ајде јасно и гласно да извикаме: Не на расизмот! Огромното мнозинство фанови, кои се добри луѓе, нека станат исправени за да ги замолчат расистите еднаш засекогаш“, порача Инфантино на социјалните мрежи.