Барселона на почетокот на неделата доживеа ново европско фијаско. Ливерпул со 4:0 ги понижи Каталонците и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.
На „Енфилд“ разочараа сите играчи на ново-стариот шампион на Шпанија, а потоа Валверде им даде два дена одмор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иван Ракитиќ слободното време го искористи да отпатува во Севиља и да ужива со семејството во саемот Фериа Де Севиља кој традиционално се одржува после велегиденските празници.
Хрватскиот фудбалер саемот го посети со семејството и набрзо на друштвените мрежи се појавија негови фотографии кои ги налутија навивачите на Барселона.
Во петокот членовите на радикалната група навивачи на Барселона „Боихос Ноис“ се појавиле пред домот на Ракитиќ за да зборуваат за неговото однесување.
Станува група за подгрупа на „Лос Цачорос“. Ракитиќ нив ги пречекал пред вратата на својот дом и разговарале за актуелната ситуација. Ракитиќ им објаснил дека во Севиља бил поради семејсни причини и дека воопшто немал намера да покаже непочитување кон клубот и навивачите.
Хрватот имал намера неговата посета да помине незабележано и кога дознал дека биле објавени негови фотографии побарал истите да бидат избришани.
Без некој поголем инцидент групата навивачи на Барселона му забележиле и за неговата слаба сезона и побарале дополнително залагање од него во иднина.
Ќе потсетиме во медиумите неколу дена се провлекува вест дека Ракитиќ е блиску до договор со италијански Интер.