Реал Мадрид вчера во 34-то коло од Ла Лига го победи Гетафе со 1:0 со голот на Марко Асенсио во 70-тата минута. Асенсио шутираше од десната страна, а топката на патот погоди еден од фудбалерите на Гетафе и заврши во мрежата.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги одмараше најважните играчи во овој дуел затоа што в среда ги чека реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од првата минута така шанса доби Еден Азар за кого ова беше деветти настап од почетокот на сезоната.
На теренот Белгиецот помина 60 минути, а неговиот учинок беше катастрофален. Белгиецот само 30 пати ја допрел топката и запишал само 18 точни додовања, патпат ја изгубил. Не упатил ниту еден удар, а останал без дриблинг, клучен пас, долга топка…
🇧🇪 Eden Hazard vs Getafe:
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 13, 2023
62 minutes
30 touches
18 passes
0 shots
0 dribbles
0 crosses
0 long balls
0 key passes
5 possession lost pic.twitter.com/BcavhKD4Se