Дома Фудбал Репрезентации УЕФА ја поправи грешката: „Северномакедонци“ сменето во „Македонци“

УЕФА ја поправи грешката: „Северномакедонци“ сменето во „Македонци“

По реакцијата на Министерството за надворешни работи, УЕФА ја поправи грешката која ја имаше направено со претседателот на ФФМ и генералниот секретар на федерацијата.

Муамед Сејдини и Филип Поповски во УЕФА беа заведени како „Северномакедонци“ и поради тоа имаше реакција од МНР.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„МНР води сметка за точната употреба на државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како и што сме реагирале и претходно, реагиравме и сега до УЕФА со барање да се променат термините согласно Уставот личната карта на земјата во Обединетите Нации“, порачаа од МНР.

Грешката денес е поправена и во делот за националност кај Сејдини и Поповски стои „Македонци“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Oбјавините првите резултати од истрагата за смртта на Жота, се укажува на една причина

“) Шпанската цивилна гарда објави дека истрагата за несреќата во која загинаа напаѓа…