Атинскиот Панатинаикос нема да може да настапува во европските натпреватувања следните три години, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).
Панатинаикос е суспендиран поради долговите кон играчите кои овој месец штрајкуваа, бидејќи не им беше исплатена платата уште од минатата година.
Дваесеткратниот шампион на Грција доби предупредување од УЕФА во декември, со обврска до први март да ги врати долговите, но не успеа во тоа.
Исто така, најстариот клуб во Грција е казнет и од страна на лигата со одземање на три бода поради долгот на поранешниот дефанзивец Јенс Вемер, додека сега ќе мора да платат и казна од 100,000 евра.