Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА одлучи: На Европското првенство ќе има пет измени

УЕФА одлучи: На Европското првенство ќе има пет измени

Репрезентациите на Европското фудбалско првенство ќе можат да извршат по пет измени во текот на секој натпревар, соопшти денеска Европската куќа на фудбалот.

Правилото кое се воведе во услови на пандемијата со Ковид-19 е важечко и во актуелните квалификации за настап на Мундијалот во Катар, па УЕФА реши да ја прошири примената и за ЕП.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


УЕФА објави дека правилото останува важечко се додека пандемијата на коронавирусот влијае на мечевите и натпреварувањата.

Ова е добра вест за селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, кој на натпреварите од ЕП ќе има повеќе опции.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Конте тргнува по уште еден играч на Манчестер Јунајтед

Откако веќе ги обезбедија потписите на Хојлунд и Скот Мектоминеи, Неаполитанците сега сака…