Дома Фудбал Италија УЕФА му задава тежок удар на Јувентус!?

УЕФА му задава тежок удар на Јувентус!?

Нови лоши вести стасуваат за италијанскиот гигант Јувентус. Откако му беа одземени 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации, сега го чека нова тешка казна.

Имено, УЕФА отвори истрага за целиот случај и сега Јувентус може да биде исфрлен од европските натпреварувања.

После одземањето бодови Јувентус готово сигурно нема да избори пласман во Лигата на шампиони, но ќе избори пласман во Лига Европа. Сепак, УЕФА им се заканува со исфрлање од европските натпреварувања.

Според „Газета дело Спорт“, УЕФА ќе го суспендира Јувентус од европските натпреварувања на една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…