Дома Фудбал УЕФА донесе одлука за настап на Барселона во европските натпреварувања!

УЕФА донесе одлука за настап на Барселона во европските натпреварувања!

Новинарите на шпанска Марка тврдат дека претставниците на УЕФА денеска ги информирале челниците на Барселона за нивната одлука околу настапот на овој тим во европските натпреварувања за следната сезона.

Така на Барселона и е дозволено следната сезона да игра во Лигата на шампионите, што е одлична вест за навивачите на овој клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Оваа одлука е донесена откако луѓето во УЕФА детално ги анализирале сите информации што ги имале за наводното поткупување на судиите од Барселона.

Со оглед на одлуката, тоа значи дека Барселона нема да биде санкционирана и ќе биде дел од ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.

Цело време челниците на Барселона на чело со Лапорта тврдеа дека Барклеона нема да биде санкционирана и токму тоа се случи.

Наводно, челниците на УЕФА потврдиле дека Барселона би била исфрлена од европските натпреварувања доколку имале докази, но тоа не било така.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп има нова работа: Ќе има петнеделен ангажман

ПО успешната тренерска кариера, која ја замени со улогата на шеф на фудбалските операции в…