Дома Фудбал Останато УЕФА го откри идеалниот тим и добитниците на наградите

УЕФА го откри идеалниот тим и добитниците на наградите

УЕФА предвреме ги откри имињата на играчите кои влегоа во тимот на годината за изминатата сезона.

 Составот требаше да биде објавен утревечер на церемонијата при ждрепката за групната фаза на ЛШ. Сепак, УЕФА на својата веб-страница го објави техничкиот извештај за изминатата сезона, а во него се идеалните единаесетмина, но и добитниците на сите поединечни почести.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тимот очекувано има најмногу претставници од финалистите во последното издание на Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Ливерпул имаат по четири играчи во овој избор.

Тибо Куртоа, Лука Модриќ, Карим Бензема и Виничиус Жуниор се претставници на „кралевоте“. Трент Александер-Арнолд, Вирџил ван Дајк, Ендрју Робертсон и Фабињо се избрани од Ливерпул.

Антонио Рудигер (Челзи), Кевин де Бруин (Манчестер Сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ) се единствените фудбалери кои не се играчи на тимовите кои играа во финалето.

Идеалниот тим на УЕФА го избира техничка комисија составена од 23 члена, вклучувајќи национални тренери и поранешни фудбалери.

Од истиот извештај јасно се гледа дека се очекува Карим Бензема да ја добие наградата за играч на сезоната, додека Виничиус за најдобар млад играч.

Тибо Куртоа е најдобар голман, а Карло Анчелоти е тренер на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…