Дома Останати Тенис Убедливо е прв: Знаете ли колку во кариерата заработил Ѓоковиќ?

Убедливо е прв: Знаете ли колку во кариерата заработил Ѓоковиќ?

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по осми пат годината ја заврши на првото место на АТП листата за што најзаслужни се трофејот на завршниот мастерс во Торино кој за него беше рекорден осми пати, титулите на Австралија Опен, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен.

Овие титули на Ѓоковиќ му донесоа заработка во износ од 16 милиони долари и тоа го прави убедливо најдобар во однос на конкуренција. Зад Ѓоковиќ е Карлос Алкараз со 10.7 милиони долари, трет е Данил Медведев со 9.3, а четврти Јаник Синер со 8.3 милиони долари.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Српскиот тенисер е убедливо прв и по вкупната заработкаво кариерата бидејќи низ годините успеал да заработи 180.6 милиони долари, 46 повеќе од Рафаел Надал кој е на второто место. Треба да се каже дека Ѓоковиќ се уште е активен и тоа во добра форма, па така може да стане првиот тенисер кој ја пробил границата од 200 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз се измачи против Фоњини на стартот на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со многу напор успеа да обезбеди пласман во второто коло …