Дома Фудбал Англија Убавината на фудбалот: Англиски клуб му го оствари сонот на 94-годишен дедо (видео)

Убавината на фудбалот: Англиски клуб му го оствари сонот на 94-годишен дедо (видео)

Премиер лигата е најпопуларно првенство на светот, но и во пониските лиги на Островот се игра добар фудбал и тимовите имаат фантастична подршка од фановите.

Најдобриот пример за убавината на фудбалот ни доаѓа од Лига 2 – четврта англиска лига. Тимот на Нотс Каунти кој е предводен од легендарниот Хари Кјуел му го исполни сонот на еден фан, кој продолжува да го бодри тимот и на 94-годишна возраст.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Каунти е еден од најстарите фудбалски клубови во Англија, па и денес се апсолутни рекордери по бројот на одиграни натпревари во првенството, 4940! Потегот кој овој клуб го направи пред саботниот натпревар на домашен терен ја покажува целата убавина на фудбалот.

Тимот се вклучи во кампањата за поддршка на луѓето кои боледуваат од деменција. 94-годишниот Рој, кој це живот навива за Нотс Каунти излезе на терен и го оствари сонот за кој сонувал цел живот – да изведе пенал пред трибините каде се најверните фанови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Мораме да го победиме Вест Хем, во спротивно се ќе биде готово!

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека битката за титулата во Премиер лига…