Дома Фудбал Англија Тухел призна, Кристенсен е надвор од тимот бидејќи одбива да го продолжи договорот

Тухел призна, Кристенсен е надвор од тимот бидејќи одбива да го продолжи договорот

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел призна дека дефанзивецот Андреас Кристенсен е надвор од тимот бидејќи одбива да го продолжи договорот со клубот.

Кристенсен има 13 одиграни меча за Челзи оваа сезона, но е надвор од тимот веќе еден месец. Данецот има договор со „сините“ до крајот на сезоната и неговата иднина на „Стенфорд Бриџ“ е неизвесна.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Се надевам дека ова ќе влијае барем малку на ситуацијата околу неговиот договор. Долго време чекаме за потврда. Сега останува се во рацете на Андрес и треба да дејствува. Имам впечаток дека неговата желба е иста како таа на клубот“, изјави Тухел.

„Тој вели дека го сака Челзи и дека сака да биде важен дел од тимот, бидејќи навистина е важен за нас. Мислам дека се уште не ја завршил својата мисија во Челзи и треба да остане“, додаде менаџерот на „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…