Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Ова е смешен пораз, Манчестер Јунајтед немаше желба да победи (ВИДЕО)

Тухел: Ова е смешен пораз, Манчестер Јунајтед немаше желба да победи (ВИДЕО)

Оле Гунар Солскјер вчера во сите сегменти го надмудри Томас Тухел.

Иако беа поразени после првиот натпревар, ПСЖ имаше предност од 2:0 во реваншот Манчестер Јунајтед во Париз победи со 1:3 и обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ваквиот резултат е разочарувачки за сите фанови на францускиот претставник, а голем дел од нив за главен виновник го означуваат Томас Тухел.

„Манчестер Јунајтед постигна два гола од наши грешки, им ги подаривме. Потоа одлично реагиравме, создававме прилики, а јас немав чуство дека Јунајтед сакаше да победи и затоа мислам дека конечниот резултат е смешен“.

„Мислев дека ова е натпревар кој е невозможно да се загуби на ваков начин. Ништо не најавуваше нивни трет гол. Но успеаа, им честитам на тоа. Не знам дали сезоната за нас е пропадната. Сепак, застанувам зад своите фудбалери“, изјави Тухел.

Потоа Тухел коментар даде и за моментот кој го одлучи натпреварот, пеналот во 94-тата минута.

„Јас сум поддржувач на ВАР технологијата, тоа е добро за фудбалот. Но не видов што точно се случи. Сметам дека правилото за играње со рака треба малку да се појасни. Колку што јас видов тоа не беше пенал“, изјави Тухел.

Инаку, во склоп на оваа изјава на Тухел треба да се истакне дека се разгледува можноста за носење правило според кое секое играње со рака во шеснаесетникот (намерно или ненамерно) во висина над рамената ќе биде карактеризирано како пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Африканските медиуми вчера информираа дека почина Питер Руфај, една од најпознатите голман…