Дома Фудбал Англија Тухел е лут на Лукаку, ќе го исфрли од тимот

Тухел е лут на Лукаку, ќе го исфрли од тимот

Томас Тухел размислува да го изостави Ромелу Лукаку од составот на Челзи за денешното дерби со Ливерпул по неговото контроверзно интервју кое предизвика бура реакции меѓу навивачите на Челзи.

Лукаку во интервјуто за „Скај  Италија“, за кое не бил информиран клубот, јавно кажува дека не е задоволен во Челзи поради тактиката на Тухел, и истакна дека би сакал да се врати во Интер додека е „на врвот на кариерата“.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Тој исто така вели дека чекал понуда од Реал Мадрид, Барселона или Баерн Минхен, но дека но дека кога не стигнала понуда, решил да замине во Челзи.

 Сето тоа не му се допадна на Тухел, кој спрема казна за Белгиецот, а медиумите на Островот тврдат дека Лукаку ќе биде исфрлен од тимот.

Лукаку ќе седи на клупата за резерви во наредните неколку натпревари, а можно е да биде целосно исклучен од тимот за денешното дерби со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стоунс го спаси од пораз Манчестер Сити во дербито со Арсенал 🎥

Во дерби натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Арсенал одигр…